hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија

kire 7

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во интервју за шпанскиот најтиражен спортски весник „DIARIO AS" говореше за скоро сите актуелни теми поврзани со неговиот клуб, репрезентацијата и приватниот живот. Ги откри и своите почетоци поврзани си кошарката и одлуката да се посвети на ракометната игра.

„Започнав да играм кошарка и ми се допаѓа да го играм овој спорт, но мојот татко играше ракомет и беше ракометен тренер во Свети Николе. Еден ден ме одведе на тренинг и останав. Татко ми се противеше дека сум левичар, а левичари има малку, но мене ми се допадна и прифатив. Бев ситен по раст и 4-5 години играв како крило", вели Лазаров.

Македонскиот ас откри и зошто ги менува клубовите и лигите и никаде не се задржал повеќе од пет сезони.

„Се сметам себе си за светски патник и пет години на едно место е доволно време и имаш потреба да менуваш. Ако немаш мотивација да останеш на едно место, колку и да сте добри, не вреди ништо", искрен е Кире.

Потоа најдобриот македонскиот ракометар ги образложи причините за неговиот следен избор и преминот во Нант на истекот на договорот со Барселона.

кире 7-1

„Причината за моето заминување од Барселона не е од економска причина, туку заради траењето на договорот што ми беше понуден. Иако имав други понуди, но таа на Нант беше најдобра. Потпишав договор на две сезони со опција за трета за клуб кој напредува, кој игра во Лигата на шампионите, кој го победи ПСЖ во домашното првенство, има амбиции за игра во силните квалитативни групи во ЛШ и има неверојатна публика", вели Лазаров.

Среде турнир за светската титула пред неколку години Лазаров го стигна најлошата можна вест и смртта на неговиот татко и ракометен учител. Тој момент е најтешкиот во животот и кариерата на Лазаров.

„Смртта на татко ми без дилема е најтешкиот момент во мојата кариера. Бев во Катар на Суперглоб со Атлетико Мадрид и истиот ден игравме финале со Кил. Утрото ја примив таа лоша вест и попладнето морав да играм финале и го победивме германскиот тим и веднаш се вратив на погреб во Македонија. По неколку дена беше емотивно едноминутното молчење во „Висталегре" во Мадрид пред мечот од ASOBAL Суперкупот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона", раскажува најдобриот стрелец на Барса.

Иако има 36 години Кирил Лазаров уште има зацртани цели за остварување во клубот и репрезентацијата.

„Би сакал да ја освојам втората Лига на шампиони со Барселона и да играм на Олимписките игри со Македонија. Двапати стигнавме до квалификациите, но не успеавме. Да се пласираме во 2020 година во Токио ќе биде многу тешко, но ќе одиме чекор по чекор, година по година. Дај Боже да ги избегнам повредите и да го задржам моето ниво. Ќе биде како сон кој станува стварност да се квалификуваме", искрен е десниот бек.

На крајот Лазаров објасни и како дојде до изборот на неговиот дрес со број седум кој го носи со себе цела кариера. Откако пристигна во Каталонија го доби дресот со број 77, бидејќи седумката е зафатена.

„Бројот 77 го носам во Барса, бидејќи седумката е повлечена, а изборот на седумката е поради Тони Кукоч. Ја сакам кошарката, а нему му се одушевував кога играше за Југоспластика и кога ја победи Барса", заврши Лазаров.

В недела во „Шпаркасе арената" Лазаров и соиграчите го играат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Кил, а реваншот е шест дена подоцна во „Палау Блауграна".

Комплетното интервју може да го прочитате ТУКА:

Share