hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кецман и Брестовац во тимот на Лазаров за овогодинешниот камп во Охрид

kecman

Полека но сигурно се составува тренерскиот тим на Кирил Лазаров за овогодинешното, трето по ред издание на проектот наречен – ракометен камп кој од 20 јуни до 2 јули ќе се одржи во Охрид. Секој еден кој барем мал период во животот се занимавал со ракомет или на било кој начин го „конзумирал" ракометот знае дека скандинавските држави се репер за работа со млади категории и го носат епитетот најдобри.

Организаторот на ракометниот камп на најдобриот македонски спортист во насока на следење на најновите трендови во ракометот од повеќе аспекти е горд да ви го престави нашиот прв гостин. Оливера Кецман ќе работи со понежната половина од учесниците на кампот на Кирил Лазаров овој јуни во Охрид.

Во моментов Кецман е на позиција на спортски директор и тренер на данскиот Сандерјуске но на овие простори е позната и како најмлад играч во најдобрата југословенска лига, со импресивна кариера во Германија каде што постојано беше во друштво на топ-стрелците на бундес-лигата и како круна на нејзината играчка кариера, настапите во најсилната данска ракометна лига со три признанија за најдобар странец во лигата.

Пребогатото ракометно искуство на и надвор од теренот, надополнето со специјализација за ментален тренинг и физичка подготовка на професионални играчи нејзиниот клуб максимално го користи предавјќи и ја функцијата за скаутирање на млади играчи од целиот свет и претворање во врвни ракометарки.Едноставно, тренер и пред се личност од кој има што да слушнат и видат учесниците на кампот.

Danilo Brestovac
Данило Брестовац, како играч беше дел од најдобрите македонски ракометни клубови со кои освои огромен број на трофеи, а и со успех го презентираше македонскиот ракомет во, моментално, најуспешната ракометна нација – Франција, каде сеуште е рекордер по вкупен број на реализирани одбрани во една сезона. Подоцна како тренер долго време соработуваше со Лино Червар во најубавите денови на Металург и беше дел од стручниот штаб на селеторот Ивица Обрван на три големи натпреварувања. Моментално работи во француски Шамбери.

Како вистински репрезент на македонскиот ракомет во земјата на „експертите" со ЕХФ Мастер диплома и визија да ја промовира идејата за еднаквост на сите деца во кампот без разлика на тоа од каде доаѓаат, веќе три години е фундаментален дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров7" и овој јуни ќе споделува знаење и искуство со нашите учесници.

Share