hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова победа на Барса во ASOBAL, Лазаров пак најефикасен

lazarov irun1

Ракометарите на Барселона ја продолжуваат серијата на победи во домашниот шампионат и триумфираа пред своите гледачи против Синфин со 39:24 (20:12) во рамките на 24 коло. Момците на Чави Пасквал доминираа од стартот до крајот и го положија генералниот тест пред четврфиналето на Лигата на шампионите против Кил.

Од самиот почеток екипата од Каталонија започна во одличен стил и доминираше во играта и го зголемуваше водството. Пасквал ги ротираше сите свои ракометари, им даде шанса и на помладите и на оние кои играат помалку, но ритамот не паѓаше и присутните во „Палау Блауграна" уживаа во уште една симултанка на првакот.

Кире Лазаров одигра уште еден одличен натпревар и постигна 6 гола од 7 обиди, а подели и неколку асистенции. Борко Ристовски цело време стоеше меѓу стативите и собра 11 интервенции. Во победничкиот табор уште се истакнаа Арињо и Дика Мем кои добија поголема минутажа и постигнаа по 6 гола.

Кај гостите најефикасни беа Паредес Лапења со 6 и Хереро Лон со 5 гола. Веќе од наредните кола Барса ќе може и математички да ја потврди титулата шеста година по ред.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share