hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса повторно ќе игра со Кил во четвртфиналето на Лигата на шампионите

ловен - кил 2

Рајн Некар Левен загуби на домашен терен од Кил со 24:26 (12:12) и ја надополни минималната негатива од првиот натпревар (24-25). Ландин се покажа како клучен фактор кај „зебрите" и кога мечот се одлучуваше неговите одбрани беа одлучувачки.

За за место на „фајнл-форот" во Келн, Кил за противник ќе го има тимот на Барселона, каде настапуваат Кире Лазаров и Борко Ристовски.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков не настапи ниту на вториот натпревар, остана на клупата за резерви. Данскиот голман одбрани 12 топки, а Вујин и Билик со по 5 гола беа најефикасни во победничката екипа. Втора година по ред Кил и Барса ќе играат двомеч за влез на завршниот турнир.

Останатите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони се играат од 19 до 23 април.

Share