hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса лесно стигна до 22 победа по ред во ASOBAL лигата

garcia barca

Барселона – Фригорификос Морасо 37:19 (19:11)

Ракометарите на Барселона се доближија до математичко потврдување на титулата во ASOBAL лигата. Вечерва во „Палау Блауграна" екипата на Чави Пасквал го победи тимот на Фригорификос Моразо како најава за четвртфиналето на Лигата на шампионите против еден од германските тимови кој ќе биде познат овој викенд.

Барса почна многу сериозно против последно пласираната екипа во лигата и го претстави најновото засилување, Антонио Гарсија кој пристигна од данскиот Колдинг. Замената за повредениот Ласе Андерсон ги запиша првите минути во новиот дрес и учествуваше во 113 победа по ред во шпанскиот шампионат.

Одлично започнаа брзите крила на Барса, а предноста од минута во минута се зголемуваше. До одморот достигна +8, а видливо беше дека ако Барса „нагази" разликата брзо ќе стане двоцифрена.

На почетокот на вториот дел проработе Лазаров, Борко Ристовски собра 10 интервенции и брзо се дојде до +15. Со меч кој потсеќаше на ревија, Барса го доби натпреварот со 37:19 и најави дека наскоро ќе дојде и потврдата за перфектна лига.

Кирил Лазаров беше најефикасен и непогрешлив со 6 погодоци од исто толку обиди. Борко Ристовски доби шанса во второто полувреме и имаше одличен процент на одбрани (10/19).

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share