evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Барса ја совлада и Висла и обезбеди четвртфинале во ЛШ

kire-lazarov-so-висла

Барселона - Висла Плок (17:15)

Ракометарите на Барселона го освоија првото место во својата група на Лигата на шампионите и ќе играат директно во четвртфиналето. Во клучниот меч за потврда на првото место во „Палау Блауграна" шпанскиот шампион ја совлада Висла со 36-28 (17:15). Најверојатно во четвртфиналето противник на Каталонците ќе им биде подобриот од мечот Рајн Некар Левен и Кил.

Мечот започна израмнето и Житников и Пушица во првите десетина минути парираа против Каталонците. Коралес добро бранеше, но крилата Ривера и Томас со серија на голови од игра и седмерец, првпат во 12 минута донесоа +2 за домашната екипа. Со петтиот гол на капитенот Томас на половина полувреме Барса поведе со 9:6.

Гостинската клупа побара тајм-аут и полскиот вицешампион се врати во мечот со добра игра на надворешната линија. Лазаров доби шанса во втората половина од полувремето, влегувајќи на местото на Дика Мем. Нашиот капитен со два ефектни гола од контранапад ја врати предноста од +3.

Сепак, последните мигови од првиот дел им припаднаа на гостите кои со два гола на Роча намалија на 17:15, резултат со кој се замина на одмор.

Второто полувреме започна во знакот на Ривера и Лазаров и со нивните голови предноста брзо порасна на 22;16 во 37 минута. Гостите останаа без решение, а Томас и Нгесан погодија за 25:17 во 40 минута и одлука околу победникот. Домаќините почнаа да правата атракции, а скоро половина полувреме за гостите погодуваше само Хрватот Ивиќ.

Со манир на многу искуство Барса го приведе мечот кон крај и славеше со 36-28. Најефикасни поединци во екипата на Барселона беа Томас со 7, Лазаров со 6 гола без промашување и Ривера со по 5 гола, а кај Висла се истакна Шиме Ивиќ со 7 гола.

apple google StoreIconAmazon