evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Барса вторпат го победи Флензбург и се зацврсти на врвот на групата

klflensburg

Барселона – Флензбург 26:23 (14:12)

Ракометарите на Барселона забележаа нова победа во групната фаза на Лигата на шампионите, откако во „Палау Блауграна" го совладаа германскиот Флензбург со 26:23 (14:12).

Првиот дел целосно беше изедначен, па ниту една екипа не се оддалечи повеќе од два гола. Германците почнаа верувачки и Мае и Радивојевиќ го одржуваа егал резултатот. Кон средината на полувремето Барса дојде до предност која ја донесе подобрата одбрана, интервенциите на Гонзало и асистенциите на Лазаров.

Така со 14:12 екипата на Пасквал замина на одмор, но остави впечаток дека и кога не игра максимално е подобар ривал од момците на Врањеш.

Барса со цврста одбрана одлично го почна вториот дел и со серија на голови на Ласе Андерсон, Сипржак и Томас поведе со 18:12. Германцте десет минути не постигнаа гол и тоа ментално се одрази на нив. Тофт Хансен со два гола намали на 18:15 на средина од второто полувреме, а кога и Егерт погоди од контранапад, домашната клупа побара тајм-аут на +2 за Каталонците.

Одморот веднаш даде резултат и со серија од 4:0, одлични комбинации за Арињо и Нодесбо, се врати спокојната предност (22:16). Така без треперење шпанскиот првак го доби натпреварот со 26:23 и остана лидер во групата А на Лигата на шампионите.

Во победничката екипа се истакнаа Ривера  со 4 гола, Жалуз и Арино со по 3 гола, а нашиот Лазаров постигна 2 гола. Натпреварот го водеа македонските судии Николов и Начевски.