hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Едно полувреме отпор во Куенка, но бодовите заминаа за Барселона

32103726

Сиудад Енкантада - Барселона 23:27 (11:14)

Првакот на Шпанија, Барселона со нашите интернационалци Кире Лазаров и Борко Ристовски забележа победа откако вечерва ја победи Сиудад Енкантада во Куенка, со 23:27 (11:14). Оваа победа е 18 во исто толку одиграни натпревари од домашниот шампионат за екипата на Лазаров и Борко Ристовски.

Екипата на Сиудад Ентандата започна агресивно, долго време парираше и водеше, но во последните 6-7 минути од првиот дел фаворитот побегна и никогаш не ја испушти предноста до самиот крај.

По добро одиграното прво полувреме, кое го добија со резултат од 11:14. На стартот на вторите 30 минути домаќините одиграа многу подобро и стигнаа на само -1 (16:17), но подоцна момците на Чави Пасквал ја вратија предноста од паузата и на крај се радуваа со резултат од 23-27.

Кире Лазаров постигна еден гол, а во редовите на Барселона најефикасни во новата победа со по 4 гола беа Андерсон, Мем и Ривера. В недела во „Палау Блауграна" Барса го дочекува тимот на Флензбург во рамките на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share