hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ОФИЦИЈАЛНО: Кирил Лазаров во следните две сезони ќе игра за Нант

kire-lazarov

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант. Најдобриот десен бек во светот потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Тој заминува од Каталонија по четири сезони преполни со сите можни освоени трофеи и соборени рекорди. Во новиот клуб ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е негов некогашен соиграч од Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), а сега ја извршува функцијата помошник тренер. Во ростерот на Нант се наоѓаат и поранешните соиграчи на Лазаров од Барселона, Гурбиндо и Белегер.

Новата екипа на Лазаров е второпласирана во францускиот шампионат со само еден бод заостанување за лидерот ПСЖ. Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.

Во својата кариера Лазаров го носеше дресот на: Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона. Во клупскиот ракомет капитенот на македонската ракометна репрезентација освои 52 трофеи и веруваме дека низата ќе ја продолжи во Франција.

Share