hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Доминантната Барса со победа се врати од Шафхаузен

kire so safhauzen

Кадетен Шафхаузен - Барселона 24:31 (10:18)

Кирил Лазаров заедно со Барселона стигна до десеттата победа во Лигата на шампионите. Каталонскиот состав лесно славеше над Кадетен Шафхаузен со 24:31.

Лазаров на денешниот дуел беше втор стрелец на 4погодоци. Борко Ристовски бранеше по добриот меч помеѓу стативите против Веспрем. Во таборот Шафхаузен, Дупјанчанец немаше можност да настапи вечерва со оглед на тоа дека веќе беше дел од Металург во рамките на ЛШ.

Најефикасен во составот на Барселона беше Французинот Тимоти Н'Гесан со пет погодоци. Во тимот на Кадетен Шафхаузен, листата на стрелците ја предводе Габор Часар со седум гола.

Следен предизвик за Барселона ќе биде дуел од домашниот шампионат, а во Лигата на шампионите следниот натпревар го играат дома против Фленсбург.

Share