hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса се разгоропади по одморот и го совлада Веспрем во Унгарија

k lazarov so vesprem

Веспрем – Барселона 22:25 (14:13)

Барселона вторпат оваа сезона го совлада Веспрем и го зацврсти првото место во групата од Лигата на шампионите. Каталонците славеа на гостувањето во Унгарија со 22:25 (14:13) со одлично второ полувреме и посебно добра игра во одбрана и интервенции на Ристовски.

Унгарците по почетните 2:2, подобро го отворија мечот и преку Чема Родригез и Ласло Наџи на половина полувреме имаа 7:5. Гостите пречесто грешеа, а нивната 6-0 не делуваше како против истиот противник во „Палау Блауграна".

Лазаров влезе во игра, Наџи заработи исклучување и Жалуз и Томас погодиј за 9:8 во 20 минута за тајм-аут на Чави Сабате. Врската Лазаров – Сипржак ја одржа Барса во мечот, а Жалуз во 28 минута израмни на 12:12. Со двајца ракометари помалку Ласе Андерсон погоди за прво гостинско водство на две минути до одморот (12:13).

Со неколку чудни судиски одлуки и неоправдано поништен гол на Каталонците, Веспрем направи пресврт и со голот на Наџи го доби првиот дел со 14:13.

На почетокот на второто полувреме Пасквал го внесе Борко Ристовски на местото на Гонзало, кој во првиот дел имаше само три интервенции. Барса три напади по ред не успеа да израмни и Маргуч со среќен гол во 36 минута зголеми на 16:14. Борко Ристовски на голот одбрани зицер и седмерец на Илиќ и потсети дека е во добра форма по мечот со Гвадалахара во средата.

Лазаров првенецот го постигна во 41 минута и Барса израмни на 17:17. Следеше уште еден гол на капитенот на македонската репрезентација и Ривера зголеми на +2. Шпанците целосно загосподарија со играта и резултатот. Кога Ривера погоди од седмерец, Барса поведе со 17:20 за тајм-аут на Сабате.

Борко со преку 60% успешност дојде до осум одбрани и на осум минути до крајот Барса зголеми на +4. Нашиот голман продолжи да ги фрустрира Унгарците и Ласе Андерсон погоди за 20:24. Без многу треперење Барса го приведе мечот кон крај за победа од 22:25.

Борко Ристовски со 11 интервенции беше прво име на средбата, а Кирил Лазаров постигна 2 гола. Ласло Наџи со 6 гола беше најефикасен кај домаќините.

Share