hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса со победа над Гвадалахара, подготвена ќе замине во Веспрем

lazarov so gvadalahara

Барселона – Гвадалахара 32:21 (18:9)

Првиот домашен меч по Светското првенство беше одлична можност „Палау Блауграна" да ги награди златните Нгесан и Сорондо и најдобриот стрелец и авторот на најубавиот гол на шампионатот, Кирил Лазаров.

Вториот пролетен натпревар од ASOBAL лигата донесе продолжување на серијата на Барса на Чави Пасквал, откако во Каталонија падна Гвадахра со 32:21 (18:9). Од самиот почеток фаворитот започна многу сериозно, поведе со 3:1 со головите на Јиха и Нодесбо, а Борко Ристовски мечот го почна меѓу стативите.

Гостите од предградието на Мадрид не се созедоа, а веќе беше 6:1 со головите на Арињо и Дика Мем. Со оваа предност Каталонците лесно го приведоа првото полувреме кон крај. Лазаров влезе во игра на половина од полувремето и погоди за 8:3, а потоа асистираше за голот на Нодесбо за 10:5. Колома и Падиља погодија во финишот на првиот дел и на одмор се замина со 18:9. Борко Ристовски со 9 интервенции беше одличен во првиот дел.

Нгесан и Нодесбо го почнаа вториот дел со голови за 20:14 за фаворитот. Нашиот репрезентативен капитен како да се специјализира за додавања и го пронајде Нодесбо за +7 на Барса. Ривера и Ласе Андерсон погодија на средината од вториот дел и предноста на Барса првпат стана двоцифрена (27:16). Со феноменалниот Ристевски меѓу стативите и лесни голови од транзиција, Барса го приведе мечот кон крајот за финална победа од 32:21.

Најефикасни во екипата на Пасквал беа Нодесбо со 7 и Саубич со 4 гола, Ристовски на голот собра интервенции 22 интревнции, а Лазаров беше автор на 1 гол, а придодаде и 4 асистенции. Кај поразениот тим на Гвадалахара од предградието на Мадрид се истакна Колома со 6 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share