hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФАНТАСТИЧНО: Лазаров во клубот 1000!

kire 07 11 2012

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во поразот против Португалија во Еспињо вгради 9 гола. Седмиот постигнат од седмерец значеше влегување во клубот 1000, во кој членуваат малку голгетери во светот на ракометот. Фантастично постигање на нашиот ракометар, посебно ако се знае просекот на одиграни мечеви и постигнати голови кој вели дека Лазаров кога го носел дресот на Македонија постигнувал просечно 7,5 гола по натпревар. Иако нема детални информации поврзани со статистиката на Лазаров, заради многуте наши неофицијални, пријателски или турнирски мечеви сепак бројките се импресионантни.

Скоро 800 голови од овие 1002 се на официјални мечеви веќе 14 години колку Лазаров го носи дресот на нашата репрезентација. Само да го послужи здравјето како и до сега и уште долго време ќе ги тресе мрежите на нашите противници. Само за споредба колку е значаен подвигот на Кирил Лазаров, еве дел од учинокот во репрезентативниот ракомет на уште неколку големи ракометари и стрелци.

Олафур Стефансон (Исланд) - 318 меча - 1511 гола

Жером Фернандез (Франција) - 303 меча - 1284 гола

Штефан Ловгрен (Шведска) - 268 меча - 1138 гола

Џексон Ричардсон (Франција) - 417 меча - 775 гола

Талант Душебаев (СССР и Русија) - 133 меча - 726 гола

Ивано Балиќ (Хрватска) - 108 меча - 364 гола

Пепи Манасков (Македонија) - 84 меча - 264 гола

Share