hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го „воскресна„ Атлетико Мадрид

 

556781 222237567894685 388128355 n

Пивоварна Лашко Цеље - Атлетико Мадрид 22:28 (15:13)

По поразот од Кил на стартот од Лигата на шампионите, на Атлетико Мадрид му требаше победа на гостувањето во Словенија за враќање на самодовербата и моралот. Македонскиот ас Кирил Лазаров ја понесе екипата од Шпанија и како и на претходните мечеви, во вториот дел го реши прашањето на победникот . Мечот во Цеље започна со водство на Пивоварна Цеље благодарение на Лекаи, но нашиот Лазаров уште од стартот најави дека ова е негова вечер. Постигна три гола во првите 7 минути и екипата на Талант Душебаев прва се одлепи (2:5). Но словенците брзо се вратија и Маргуц во 11 минута веќе израмни на 5:5. Лазаров со четвртиот и Масач со првиот гол донесоа пак +2 за мадриѓаните. Но головите во серија донесоа 3:0 за Пивоварна Цеље и Маргуц и Тоскиќ ги доведоа домаќините во водство (8:7).

Следуваа уште два гола на Лазаров (седум во првиот дел) и два на Зеленовиќ и со егал завршница се влезе пред одморот. Но двата гола на Маргуц донесоа 15:13 за Пивоварна Лашко Цеље на полувреме. Атлетико премногу беше зависен од Лазаров, а многу од останатите „први виолини„ останаа должни во првиот дел. Но како започна вториот дел, сите претчуствуваа сценарио како на првенствените средби. Калман и Масач за 50 секунди донесоа израмнување (15:15). Серијата на Атлетико продолжи со првенецот на Балиќ и со осмиот гол на Лазаров од неговата стандардна позиција и Атлетико веќе побегна (15:17). Се разбрани Омбрадос (5 одбрани во само 6 минути во вториот дел), се придодадоа и Канељас и Јуркиевич со по некој гол и тимот на Душебаев имаше 16:21, со неверојатни 1:8 во стартната фаза на вториот дел. Унгарецот Лекаи постигна два гола од чекор и Пивоварна Лашко Цеље дојде до 19:22.

Но сега словенците веќе „влегоа во машината„ на европскиот вицешампион и враќање назад немаше. Со два гола од контранапади на Давид Дејвис, Атлетико влезе со 21:25 во последните 7-8 минути. Со головите на Агинагалде и французинот Береше, гостите ја направија победата уште поубедлива и си покажаа самите себе си дека имаат што да кажат и во ова издание на Лигата на шампионите. Лазаров во клучната фаза на средбата ја покажа својата каризма и го врати тимот во натптреварот. Неговите 8 гола се најава дека и оваа сезона ќе биде еден од кандидатите за прв стрелец во ова натпреварување. Маргуц со 8 гола најефиксен кај словенците, а Лекаи постигна 4 гола. Двајцата голмани Шкоф и Омбрадос собраа по 12 интервенции, а преокупира единствено повредата на ногата на Јаков Гојун, заради која хрватот не го заврши натпреварот. Во наредното трето коло во „Висталегре„ доаѓа засилениот унгарски првак Веспрем.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

 

 

Share