hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кил го возврати ударот

kire 01 10

Атлетико Мадрид - Кил 27:32 (15:17)

За неполн месец германски Кил му се реваншираше на Атлетико Мадрид за поразот во Доха во финалето на клубскиот мундијал. Европскиот првак авторитетно го започна гостувањето во Шпанија и брзо на стартот се одлепи. Лазаров изворедно го почна надигрувањето со два гола, како одговор на головите на чехот Јиха. Омејер како и секогаш во големите натпревари, изворедно бранеше на стартот, а Нарцис и Јиха донесоа 3:7 уште во 8 минута.

Лазаров од седмерец на кратко ја прекина серијата на германиците, кои форсираа брза игра и што е можно попродуктивен ракомет. По исклучувањето на Вујин, домаќините во 15 минута фатија приклучок и Лазаров со ефектна асистенција го најде Ромеро за 7:9. Но на секој обид на момците на Талант за приклучок, се исправуваше Омејер, а Тафт Хансен на позицијата кружен напаѓач создаваше многу грижи. Но по серијата на грешки, Балиќ украде една топка, го најде Лазаров кој при постигнувањето на неговиот четврт гол (9:10) го повреди левото рамо.

 Играта стана се поатрактивна, па комбинаториката на шпанците и германците ги воодушевуваше гледачите во „Висталегре„. Кога Бараше погоди од контра во 19 минута, Атлетико успеа втор пат во мечот да израмни 11:11. Норвежанецот Дал го подигна своето ниво и имаше неколку врзани интервенции, но то тајм-аутот на Гисласон, Нарцис и Клајн го вратија водството на шампионите (11:13). Двојното исклучување на Тофт Хансен и Клајн во 25 минута, го донесе бранот на напади на домаќините и Канељас и Масач донесоа 14:14. Во игра гол за гол Тофт Хансен на три секунди до одморот зголеми на 15:17.

Вториот дел започна со гол за израмнување токму на нашиот Лазаров. Но воиграноста и енергијата беа на страната на германскиот тим. Тие пак направија серија за ново бегство во водството. Клајн, Нарцис и Илиќ погодија за 19:21. Сите обиди на шпанците беа до потенцијално реми. Калман ефектно погоди од крило, па и Канељас, но секогаш гостите имаа одговор. Нарцис и Вујин од седмерец донесоа во вториот дел највисоки +4 (22:26). До крајот тимот на Гисласон, многу поискусно го приведе мечот кон крај до убедлива победа. Јиха со 6 и 7 гол и Илиќ ја потврдија германската радост. Кирил Лазаров постигна 6 гола и уште еднаш потврди дека е главниот адут на вицешампионот на Европа на патот кон Келн. Јиха со 7 гола пак беше кобен за шпанците, исто како и во финалето во Келн на крајот од мај оваа година. Единствена добра работа за Атлетико Мадрид е што е ова почеток на Лигата на шампионите и време за поправен испит се уште има.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share