hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шампионот уште посилен од лани

kire 28 09 2012

Веќе се одиграа првите натпревари од групната фаза на новата Лига на шампиони. Се почувствува магијата на најквалитетното натпреварување на континентот. Веќе почнаа прогнозите, фаворитите, комбинациите. Скоро во сите се наоѓаа и имињата на Кил и Атлетико Мадрид. Финалистите од Келн минатата година веќе в недела пак ќе се соочат во првиот меч за бодови во многу силната група во која се уште Савехоф, Веспрем, Костанца и Пивоварна Цеље. Ако во минатогодишното финале Кил во вториот дел го скрши отпорот на Лазаров и другарите, пред неполн месец во Доха, шпанската екипа стана светски клубски првак со реванш за истоветниот пораз на исто место година дена претходно. Мислите на овие два тима одат до таму што едно друго финале меѓу Кил и Реновалиа Сиудад Реал пред четири сезони и натаму се прераскажува. Благодарение на Штербик и Стефансон, екипата на Талант Душебаев стана европски првак среде Германија со подвиг во возвратниот натпревар. Кил е во долга серија на непобедливост во Германија и оние кои ќе му откинат бод се радуваат како да победиле. Така во Бундеслигата „зебрите„ имаат 9 бода, три помалку од водечкиот Фуше Берлин.

Кил:

Тјери Омејер
Андреас Паличка
Маркус Алм
Јаник Болдт
Руни Дамке
Никлас Екберг
Томи Фенглер
Момир Илиќ
Филип Јиха
Доминик Клајн
Мориц Критер
Тјарк Милер
Даниел Нарцис
Арон Палмарсон
Гудјон Валур Сигурдсон
Кристијан Шпренгер
Рене Тофт Хансен
Марко Вујин
Патрик Виенчек
Кристијан Цајс

Тренер: Алфред Гисласон

Share