hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Агресивно и нервозно, но Атлетико сепак слави

7921195996 066f2637e4 z

Палма дел Рио - Атлетико Мадрид 28:32 (13:17)

Второто гостување во шампионатот, дури до Кордоба во „Павиљон Ел Пандеро„ за ракометарите на Атлетико Мадрид беше „генералка„ за репризата од финалето на шампионите со Кил в недела во „Висталегре„ во Мадрид. И без повредените Омбрадос и Маркусен, гостите ја оправдаа фаворитската улога, иако впечаток е дека и од овој натпревар најважниот впечаток, кој треба да се извлече се бодовите. Мечот во првите 10-12 минути беше така изедначен што ниту една од екипите не отиде на повеќе од еден гол предност. Кога Масач во 13 минута постигна гол од седмерец, гостите по петти пат израмнија на 6:6. Следуваа два гола на повратникот Калман (не играше против Хелветиа Анаитусима) за 7:8 за Атлетико Мадрид. Постојаната ротација на Талант му ги донесе минутите и на нашиот Кирил Лазаров, кој со гол од казнен удар во 26 минута донесе осетливи 13:16. До одморот на овој интензивен и борбен натпревар, екипата од главниот град со головите на Ромеро и Масач и со звукот на сирената на Бараше дојде до највисоки 13:17 на полувреме.

Интенцијата на мечот со кој загосподари тимот на Лазаров продолжи и во второто полувреме. Постојано црвено-белите имаа мирна предност, па по шестиот гол на Масач во 50 минута, предноста на Атлетико пак дојде до постојани +4 (23:28). Голема заслуга за константното водство на гостите имаше и голманот од Норвешка Дал, кој собра 17 одбрани. Во последните 5-6 минути борбените и на моменти груби домаќини успеаа само да ублажат. Мигел и Лусфе беа најзабележливи во екипата на Палма дел Рио. Лазаров од контра зголеми на 27:32, но во последните секунди од мечот беше исклучен. Победа со многу пот на избраниците на Душебаев, која ги искачува на првото место на табелата со 4 победи од исто толку средби. Во таборот на Атлетико Мадрид најефикасен беше Масач со 7 гола, Лазаров постигна 5, а Дал собра 17 интервенции. Во поразениот тим од Кордоба, се истакна Руано со 8 гола, а Хернандез постигна 5, поголемиот дел од нив во вториот дел. Следува дебито во Лигата на шампионите и тоа со истиот противник со кој го завршија претходното издание. Германскиот Кил е сам по себе голем предизвик за целиот тим и за сите ракометари поединечно. Ракометарите на Атлетико Мадрид ќе одмараат во Кордоба и утре се враќаат во главниот град.

 

Share