hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кире џабе зборува, РФМ не го слуша!

kirelazarov5 33402

Спортскиот портал „ЕКИПА„ објави текст во кој дознава за нов преседан во македонскиот ракомет, директно поврзан со опомените на нашиот најдобар ракометар во врска со нашата ракометна иднина. Кире Лазаров веќе неколку години наназад предупредува дека успеси не треба да се бараат само од сениорската репрезентација, туку дека мора да се обрне внимание и на младинските селекции, од каде што мора да се црпат талентите во овој спорт. И додека нашиот капитен со добра намера ги кажува сите овие работи, раководните луѓе во РФМ немаат намера да ги послушаат советите на ракометарот со богато меѓународно искуство.

Така, не само што не се посветува доволно внимание на развојот на македонскиот ракомет, туку и била донесена одлука Македонија воопшто да не биде дел од квалификациите за следното Светско првенство, што догодина ќе се одржи во БиХ. Минатата недела во седиштето на ЕХФ беше извршена ждрепката за квалификациските групи за овој шампионат, а меѓу 28-те земји учеснички ја немаше Македонија, петтата европска велесила од последното ЕП во Србија. За ситуацијата да биде потрагична, предлогот за настап на младинските селекции се нашол на дневниот ред на последниот Управен Одбор на РФМ, при што бил прифатен предлогот „да не бидат пријавувани овие селекции што немаат шанси да ги минат квалификациите". Ваквиот предлог експресно минал кај останатите членови, се со цел да се заштеди некоја пара, но целиот овој случај е само уште еден доказ дека за некои членови во РФМ развојот на ракометот не е толку важен колку финансиите што се вртат во и околу овој спорт.

„Јас бев на службено патување во Загреб и немам информација дали селекцијата е пријавена или не" - кратко изјави селекторот Стојан Петрушевски. За трагедијата да биде уште поголема, станува збор за ракометари од кои што голем дел беа жртвувани за „пријателскиот натпревар" во Косово, каде што едвај извлекоа живи глави, а сега им е оневозможено да настапуваат за својата репрезентација на официјални средби, кои што за нив сигурно би значеле и огромно искуство и кревање на квалитетот на едно повисоко ниво.

Share