hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пак во вториот дел, Атлетико ја заврши работата

kire 23 09 022012 copy

Атлетико Мадрид - Хелветиа Анаитасума 36:31 (15:16)

Првиот меч игран точно на пладне, Атлетико Мадрид го дочека свеж, без обврски на средината од неделата и со мотиви да го декласира тимот на Хелветиа, слично како лани кога беше 37:23. Но овој пат жилавите баскијци не мислеа така. Лазаров доби шанса во стартниот тим во постојаниот систем на ротација на Душебаев и веднаш асистираше за првиот гол во мечот на Гарсија Парондо. Веднаш потоа од неговата позиција „распали„ за 2:1. Домаќините влегоа цврсто во одбраната и со лесни голови од контранапади брзо се наметнаа (5:2). Уште во 7 минута гостинскиот тренер побара тајм-аут. Но по секоја интервенција на норвешкиот голман, молскавично тргнуваше контранападот на Атлетико. По првото исклучување на Алехандро Марсело Фуентес, од седмерец Гарсија Парондо зголеми на 6:3 во 8 минута.

Минута подоцна и Лазаров од казнен удар со „сув лист„ го измами Матијас Шулц за 8:4. Нашиот ас влезе во ритам и со својот трет гол во 14 минута ги одржа стандардните 4-5 гола дистанца (10:6). Хелветиа парираше со своите адути и најчесто со ударите на Гонзалез Новел и и Ибаи Ечелесте се одржуваше во живот. Баскијците постигнаа четири неодговорени гола и кога Карлос Чокаро Гораис погоди од контра во 19 минута резултатот гласеше 11:10. Дури и со човек помалку преку Фуентес израмнија со серија 5:0. Лазаров како и на претходните мечеви ја делеше минутажата со Береше, па беше заменет по половина полувреме. Кризата на мадриѓаните предолго траеше, па по 8 минути без постигнат гол, а со примени шест, Еду Фернандез погоди за 12:13. Но по долгиот пад во играта, одбраната на Душебаев го подобри своето ниво и Бараше од контранапад израмни на 14:14. Добрите одбрани на Шулц (7 во првиот дел) придонесоа ракометарите на Хелветиа Анаитасума на одмор да заминат со предност (15:16), а Атлетико како и на сите претходни средби, по лошото прво полувреме беше принуден да надополнува во вториот дел.


Но како и на претходните натпревари, серијата на Атлетико почна со стартот на вториот дел. Дал се разбрани, со серија 8:1 за неполни 9 минути Атлетико не само што го сврти резултатот, туку го одлучи и прашањето на победникот. Со серија на голови на Лазаров (2 гола во 2 минути), Гарсија Парондо и Јулен Агинагалде, црвено-белите отидоа на 24:17. Рутински Лазаров и сограчите го приведоа мечот кон крај со голови на сите ракометари, па дури и на Јаков Гојун. Гулен и Ечевесте со два врзани гола намалија на 29:25, во 50 минута. Во финишот Масач и Ферер со своите голови ја одржуваа дистанцата од 5-6 гола до лесна победа за вицешампионот. Лазаров во игра мина половина натпревар и постигна 6 гола од 9 обиди, со што по Гарсија Парондо (7 гола) беше најдобар стрелец. Кај Хелеветиа Анаитасума се истакна Ибаи Ечевесте со 7 гола и голманот Шулц со 13 интервенции. Душебаев воопшто не сметаше на Омбрадос и Балиќ за овој меч. Трет меч и трета победа за Атлетико Мадрид, кој сега е во групата на четири тима со максимален учинок во ASOBAL лигата.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share