hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Перковац главниот адут на швајцарците

svajcarija rakomet
 
Полека се ближи стартот на квалификациите за Европското првенство во Данска, а репрезентацијата на Швајцарија е првиот наш ривал во Скопје, на крајот од октомври. Оваа репрезентација долго не била учесник на едно големо натпреварување, а за да излезе на мегдан со „црвено-жолтите„ мораше да мине предквалификации, каде забележа две победи и имаше едно реми:

Швајцарија - В. Британија 38:21 - извештај

Швајцарија - Италија 21:21         - извештај

Швајцарија - Грција 25:22           - извештај

Во играчкиот кадар најискусен е Мануел Линигер со 168 натпревари за националната репрезентација и со 745 постигнати гола е најдобар стрелец од сеуште активните ракометари. Нивни голем адут е хрватскиот стручњак Перковац, кој како играч ги освои скоро сите трофеи со Хрватска, а играчката кариера ја заврши токму во Швајцарија. Тој е клучен дел од проектот за подмладување и пласман на една голема приредба на швајцарската репрезентација.
 
Играчки кадар: 2012 година
 
13. Даниел Фелман (Кринс)

3. Флоријан Гепферт (Кадети Шафхаузен)

10. Дејвид Гребнер (Гросвалштад - Германија)

18. Томас Хер (Берн Мури)

17. Марсел Хес (Винтертур)

19. Томас Хофштетер (Берн Мури)

4. Марко Курт (Винтертур)

5. Мануел Линигер (Балинген - Германија)

14. Ален Милошевиќ (Винтертур)

12. Ремо Квадрели (Кадети Шафхаузен)

15. Никола Реми(Кринс)

24. Рубен Шелберт (Кадети Шафхаузен)

11. Оливер Шонер (Винтертур)

2. Енди Шмид (Рајн-Некар Ловен - Германија)

9. Лука Шпенглер (Амичитија)

16. Паскал Штобер (Базел)

38. Михал Свајлер (Винтертур)

20. Марко Вукелиќ (Базел)
 
Селектор: Горан Перковац

Помошник: Љубомир Свајлен
 
goran perkovacv
 
Македонија и Швајцарија два пати се сретнаа во квалификациите за Европското првенство во Словенија 2004 година. Тогаш во квалификационата група, Македонија во Кавадарци загуби со 24:31, а на гости во Цирих ашиот противник славеше со 34:30. Подоцна во баражот нашиот тим беше елиминиран од Унгарија.
Share