hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во уште еден идеален тим!

handball woche

Признанијата за македонскиот ракометен „бисер„ не престануваат. Само два дена откако беше поздравен заедно со целата екипа на Атлетико Мадрид на стадионот „Висенте Калдерон„ сега е во потесниот избор за место во идеалниот тим на Лигата на шампионите, според престижниот „Handballwoche„. Во натпреварувањето во кое нашиот ас игра повеќе од една деценија и во два наврати беше најдобар стрелец, сега на две недели во групната фаза во сезоната 2012/13, се најде во избраното друштво. На неговата позиција десен бек тој и новиот ракометар на Веспрем, Ласло Наџи се во изборот за најдобар. Германскиот специјализиран магазин го направи следниот избор.

Голмани: Тјери Омејер, Арпад Штербик
Леви крила: Гудјон Валур Сигурдсон, Хуанин Гарсија
Лев бек: Никола Карабатиќ, Филип Јиха
Среден бек: Ивано Балиќ, Домагој Дувњак
Десен бек: Кирил Лазаров, Ласло Наџи
Десно крило: Ханс Линберг, Вид Кавтичник
Кружен напаѓач: Маркус Алм, Јулен Агинагалде

kire 18 09 2012

Лазаров магазинот го нарекува „Гол-машина„ и во изборот за најдобар меѓу најдобрите се најде пред Ким Андресон и Олафур Стефансон. Ова е уште едно признание за континуитетот на Лазаров, неговата професионалн ост и постојаност.
Share