hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пресврт победа на Атлетико, Лазаров стандардно добар

kire 15 09 2012222

Гвадалахара - Атлетико Мадрид 27:33 (18:16)

Првото гостување за Лазаров и другарите беше во близина на Мадрид, кај амбициозниот тим на Гвадалахара со тренерот Матео Гаралда, србинот Ненадиќ, голманот Гомез и Радуловиќ. Гостите допатуваа без оперираниот Маркусен, ровитиот Јуркиевич, Гарсија Парондо и без капитенот Омбрадос. Лазаров почна од клупата, а Бараше доби предност. По само 30 секунди Фуертес од контранапад го отвори резултатот. Цели 7 минути се играше гол за гол, за од првиот седмерец Јоан Канељас ги доведе гостите во водство (3:4). Драшко Ненадиќ со два неодговорени гола, најави од каде ќе доаѓа најголемата опасност по мадридскиот гол. Но Канељас и Дејвис со два последователни гола, за прв пат донесоа +2 за гостите во 16 минута (7:9).
 
Лазаров и Балиќ во игра влегоа во 16 минута, кога Агинагалде донесе три разлика за Атлетико Мадрид. Но со три гола во исто толку минути на Рубио Риаза, Хорхе Фернадез и Да Силва, домаќините израмнија на 10:10. Тогаш Лазаров од седум метри реализираше, откако претходно Гомез му одбрани контра. Но дисконтинуитетот на лидерот на табелата по првото коло, придонесе Серхио и Ненадиќ, да го одлепат домаќинот на 14:12. Норвежанецот Дал, скоро ништо не одбрани, па Душебаев го внесе младиот Диез во 26 минута. Кога левото крило на Гвадалахара Монтеиро да Силва погоди, домаќините имаа највисоки 16:13. Хрватот Балиќ првиот гол од линијата го постигна во 28 минута, но брзо погреши и Серхио врати на +3. Лазаров со скок шут, првиот гол од игра го постигна на 70 секунди до одморот за 17:15. Но Виктор Домингез ја потврди кризата на одбраната на Атлетико, а Гомез со 10 тата одбрана ја подигна публиката. Талант на 9 секунди до одморот повика тајм-аут, па Балиќ со звукот на сирената намали на 18:16. Лоша дефанзива и мал број на интервенции на голманите како и во Суперкупот, ги принудија Лазаров и другарите да бркаат резултат во продолжението.

Без поинаков пристап во одбраната, невозможно беше Атлетико да очекува пресврт. Затоа Дал веднаш по одморот се истакна, а Дејвис и Ферер за неполни 4 минути донесоа 18:18. Одбраната на црвено-белите ја „научи лекцијата„ и цели 7 минути не прими гол во вториот дел. Тогаш од крило Каборта погоди за 19:18, но половина минута подоцна 42 годишниот Гаралда повика тајм-аут. На головите на Ненадиќ, одговори леворакиот французин Бареше со неговите први голови за 21:21. Во 42 минута одличната одбрана му овозможи на Давид Дејвис лесен гол од контранапад за враќање на водството на Атлетико Мадрид (21:22). Гвадалахара остана без одговор и Калман и Гојун, го одлепија вицешампионот на 21:24. Дал во половина полувреме собра 6 одбрани, двојно повеќе од скоро целото прво полувреме. Лазаров пак во игра се врати во 16 минута од вториот дел, по тајм-аутот на Душебаев. Кога Канељес погоди за 21:25, гостите ја комплетираа серијата 6:0 за неполни 8 минути. Кирил Лазаров со својот трет гол во 50 минута по втор пат донесе +4 за Атлетико Мадрид (22:26). Гостите лесно го приведоа мечот кон крај, па со контранападот на македонскиот ас во 55 минута прв пат дојдоа до 5 разлика (24:29). Подоцна Лазаров реализираше и седмерец за 27:32.

Тешко издвојувана победа на Атлетико Мадрид со подобро второ од прво полувреме, како и на петте средби во Доха и во средата со Натурхаус Ла Роха. Душебаев ги изротира сите ракометари, па за неполни 28 минути Лазаров постигна 5 гола од 8 обиди. Кај победничката екипа најефикасен токму нашиот ас, а кај поразената Рубиа Риаза со 6 гола. Прва гостинска победа на Атлетико Мадрид и 8 дена до наредниот меч, со задоволителен поглед на табелата на ASOBAL лигата.
 
You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share