Познат идеалниот тим на соиграчи на Кирил Лазаров
Како помош за наградната игра на официјалната веб страна на Кирил Лазаров, минатиот месец нашиот ракометар понуди неколку алтернативи на секое место, за да им биде полесно на неговите „фанови„ да ги одберат најдобрите соиграчи. Пристигнаа многу мејлови, многу идеални комбинации, но ниту еден не го погоди идеалниот тим. Во ваквиот случај прашање на многу фактори и на вкус е кој ракометар на кое место ќе преовладее над останатите. Лазаров кој има покомплетна слика со кого се бил соиграч, се радувал на победите и трофеите, по долго размислување го донесе следниот избор.
Идеален тим на соиграчи:
ЛЕВО КРИЛО: ЈОНАС КАЛМАН
ЛЕВ БЕК: КАРЛОС РЕИНАЛДО ПЕРЕЗ
СРЕДЕН БЕК: ДОМАГОЈ ДУВЊАК
ДЕСНО КРИЛО: ЛУК АБАЛО
КРУЖЕН НАПАЃАЧ: ХУЛЕН АГИНАГАЛДЕ
ОДБРАНБЕН СПЕЦИЈАЛИСТ: ДИДИЕ ДИНАР
ТРЕНЕР: ТАЛАНТ ДУШЕБАЕВ
Сепак од големиот број на обожаватели кои учествуваа во наградната игра, ќе биде награден еден од нив кој беше најблиску до идеалниот тим на Лазаров. Тој ќе добие дрес од еден од бившите клубови на Лазаров. Нашиот ракометар лично ќе му ја врачи наградата на крајот од октомври пред мечот Македонија - Швајцарија. Наскоро ќе го објавиме името на добитникот.