hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Првите пет меча на Македонија на мундијалот чинат 4.500 денари

kire 15 09 2012
 
Вкупно 75 евра или 4.500 денари ќе им бидат потребни на припадниците на македонската фаланга за да ги бодрат Кирил Лазаров и останатите ракометари на сите пет меча од првата фаза на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари 2013 година во Шпанија.
Натпреварите од нашата група ќе се играат во салата „Пабелон Сан Пабло" во Севиља, која е со капацитет од 9.500 столчиња, а организаторот денеска ги пушти билетите во продажба, но само за првиот круг од шампионатот. Цените се фиксни, на официјалниот веб-сајт на првенството нема наведено продажба на блок-влезници, па може да се купи билет само поединечно за секое коло (влезницата важи за сите три натпревари дента).
Најевтините билети чинат 15 евра и тоа за горниот дел од страничните трибини, десет евра поскапи се влезниците на трибините зад головите, а најскапи се тие веднаш до паркетот - 35 евра чини столче на страничните трибини, но на долната платформа.

„Ние немаме резервирано билети, што не значи дека тоа дополнително нема да го направиме, а ме чуди што нема одредено цена за блок влезниците. Ако има интерес, ние ќе побараме од организаторот, ако е можно, да пушти во продажба блок - билети за натпреварите на Македонија", ни изјави Марјан Начевски, генералниот секретар на РФМ.
Македонија е во групата Б, а го почнува првенството со меч против Чиле на 12 јануари, наредниот ден е дуелот со Катар, а потоа по еден ден пауза следи средбата со Исланд. На 16-ти е мечот со Русија, а во последното коло, на 18-ти, Македонија го чека стариот должник - европскиот првак Данска.
Билетите за првата фаза од првенството можат да се нарачаат на следниов линк.
Share