hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

В недела Лазаров и екипата на „Висенте Калдерон„

kire 14 09 2012

В недела од 21:30 часот на стадионот „Висенте Калдерон„ во Мадрид во рамките од 4 - коло од шпанската фудбалска Ла Лига, ќе се игра градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валекано. Пред почетокот на средбата ракометната секција на клубот со нашиот Кирил Лазаров ќе продефилира на тревникот со пехарот од IHF Супер глоб 2013 или клубската светска титула освоена во Доха пред две недели. Само една недела откако во „Висталегре„ арената во Мадрид, ракометната публика ги поздрави фудбалерите на Атлетико Мадрид со пехарот од европскиот Суперкуп (победа над Челзи од 4:1 во Монтекарло).

За Лазаров и другарите ова е ново службено гостување на „Висенте Калдерон„ откако и минатата година по освојувањето на трите трофеи беа поздравени од близу 50.000 луѓе. Во зависност со слободното време, Лазаров често ги следи и натпреварите на фудбалската секција на Атлетико Мадрид на Диего Симеоне.

Share