hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико рутински, Лазаров со 5 гола

kire 120902012

Атлетико Мадрид - Натурхаус Ла Роха 31:23 (15:8)

Прв меч и прва победа на ракометарите на Атлетико Мадрид во обидот по две сезони да ја вратат титулата, која е во сопственост на Барселона. Слаба посета во огромниот „Висталегре„ го дочека дебито на Атлетико Мадрид во новата сезона на ASOBAL лигата. Незгодната екипа од Логроњес со многу искусни ракометари во својот ростер, дојде да го „испоти„ големиот фаворит среде Мадрид. Тоа беше дуел на браќата Агинагалде - Хулен во Атлетико и Баруз на голот на Натурхаус. Но плановите им успеаа само половина полувреме.Французинот Бараше почна во стартниот тим и по првите збркани три минути постигна два гола за екипата од главниот град. Талант Душебаев очигледно силно ги критикувал своите ракометари за играта во одбрана, па дури во 8 минута Ромеро го постигна првиот гол за Натурхаус. Потоа Тиуменцев од чекор постигна ефектен гол за првото израмнување (4:4) во 13 минута. Кирил Лазаров прв пат влезе во игра во 17 минута и во првиот контакт ефектно ја погоди гостинската мрежа за 7:5. Минута подоцна нашиот ас ја погоди стативата од првиот седмерец, кој го изнуди Дејвис. На спротивната страна Педро Родригез од казнен удар намали на 8:6. Но во 23 минута убавата аситенција на македонецот за Ромеро, донесе највисоки 9:6. Тогаш започна неверојатната серија на црвено белите, која донесе недостижна предност. Масач, Лазаров, Агинагалде и Канељас постигнаа 4 гола за неполни 3 минути, по одличните одбрани на младиот норвежанец Дал (13:6). Лазаров погоди уште еднаш во 29 минута, а Гонкалвеш и бразилец Дос Сантос со два гола во последната минута ублажија на - 7 на одмор.

И вториот дел гостите добро го почнаа и ефектниот скок шут на Дос Сантос донесе намалување на 16:9. Но светскиот клубски првак го имаше Канељас, а и со првиот гол на Јуркиевич, предноста на домаќинот пак стана безбедна (18:11). Во средината на вториот дел се разигра и Балиќ и со гол од контра и лоб асистенција за Ромеро го врати спокојот со 22:16. Вториот гол на младиот Санчез од крилна позиција ја принуди гостинската клупа на тајм-аут во 45 минута при 23:17. Лазаров како и во првиот дел во игра влезе штом мина половина од полувремето. Двата неодговорени гола на Тиуменцев и Гарабаја го налутија Талант и во 49 минута повика тајм-аут. Натпреварот продолжи и Канељас и Гојун ги вратија старите +6 (25:19). Победникот беше одлучен кога Еду Фернандез и Јаков Гојун со два гола од контранапади го принудија Матијас Фернандез на тајм-аут при 27:20. Лазаров од седум метри во 54 минута го постигна својот четврти, а во 59 минута ефектно со скок-шут и петиот гол (30:23). Во последните две минути со неполни 18 години на голот на Атлетико дебитираше Диез и одбрани две топки во финишот. Нашиот ракометар не мина ниту половина час на паркетот во „Висталегре„. Постигна 5 гола од 7 обиди и си ја одработи задачата како и целиот колектив. Најефикасен кај победничката екипа беше нашиот ас, па Масач со 4 гола без промашување, а одличен беше и Дал со 11 интервенции. Кај гостите русинот Тиуменцев имаше свое шоу со 6 гола. И без повредените Гарсија Парондо и Маркусен и Омбрадос кој одмараше, вицешампионот лесно ги запиша првите бодови.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share