hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Маркусен утре ќе биде опериран

markusen

Данскиот интернационалец во Атлетико Мадрид, Николај Маркусен ќе мора на операција, како би ги решил проблемите со коленото, кои го мачат по враќањето од Олимпијадата. "Во моментов немам болка, но најдобро е да се реши проблемот сега и да не чекам повеќе да дојде критичен момент", вели Маркусен. На Маркусен утре треба да му биде отстранета "масна циста", која е откриена во задниот дел на левото колено.

Таа операциона постапка ќе го принуди данскиот интерационалец да мирува меѓу две и три недели надвор. Маркусен кој не учествуваше во финалето на Суперкупот на Шпанија во саботата, се соочи со првите непријатности на крајот на август минатата година, што доведе медицинскиот персонал на клубот дополнително да ги испита неговите колена. Тестовите го потврдија постоењето на „масна циста„ на задната страна на левото колено, па Маркусен кој беше подложен на операција на менискусот во текот на летото на 2010, пак мора под нож.

Share