hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шундовски и Ангеловски ги минаа квалификациите

zvonko sundovski konstanca

Констанца - Татран Прешов 26:21 (16:10)

Првакот на Романија, Констанца на македонскиот селектор Ѕвонко Шундовски и репрезентативецот Бранко Ангеловски обезбедија групна фаза на Лигата на шампионите и ќе се соочат со Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров. 16 одбрани на голманот Михаи Попеску го отворија патот за романските шампиони во групната фаза на VELUX ЕХФ Лигата на шампионите. Тоа ќе биде седмо учество за Констанца во групната фаза. Попеску беше клучот и Констанца побегна на 23:15 во 49 минута. Тома (7) и Чепреги (5) беа најдобри стрелци за победничката екипа.

Констанца сега ќе се соочи со актуелниот првак Кил, Атлетико Мадрид, МКБ Веспрем, Савехоф, Цеље Пивоварна Лашко во групата Б од Лигата на шампионите.
Share