hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Талант: „Имавме многу недоразбирања„

talant i pasqual 2

Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Не игравме многу добро и мораме да се подобриме. Не е алиби отсуството на Маркусен и Парондо, но тоа ни ги наруши плановите. Имавме недостаток на разбирање меѓу ракометарите, понекогаш губевме неколку топки кои нормално не ги губиме, но тоа е нормално за овој период од сезоната. Имавме многу недоразборања во одбраната, посебно во периодот кога Барселона направи голема серија. Сепак тоа не ме загрижува толку, колку што се грижам за загубените топки и тоа мора да го подобриме.

Чави Пасквал
(тренер на Барселона)

Клучот е во моментите кога нашата одбрана одзеде или блокираше неколку топки и тоа ни понуди шанси за брзи контри и лесни голови. Во последните средби на Барса и Атлетико секогаш екипата која ќе побегне речиси секогаш го има водството до крај. Тоа што Атлетико се врати во натпреварот во вториот дел, не е од нашите грешки, туку заради квалитетите на екипата на Талант. За нас изворедна работа е да славиме во „Висталегре„ против екипа која пред само една недела го совлада европскиот првак Кил со 5 гола разлика. Драго ми е за Рутенка, кој минуваше низ подготовките со многу физички проблеми и навостина одигра комплетен натпревар.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share