hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Агинагалде - најдобар играч за сезоната 2011/2012

aginagalde
 
Играчот на Атлетико Мадрид Јулен Агинагалде (08.12.82) е прогласен за најдобар играч за минатата сезона. Победникот беше обелоденет на гала свеченоста на ASOBAL што се одржа во петокот во „Флорида парк„ во Мадрид. Агинагалде ја заврши минатата сезона со постигање од 76 гола на вкупно 22 натпревари во ASOBAL лигата.Но успехот на баскиецот е над зборот на статистика. Неговата борбеност ја доби согласноста во изборот и веќе со години тој важи за еден од најдобрите кружни напаѓачи во светот. Во Ирун ја започна својата кариера пред преминот во Адемар Леон. По три години дојде до целосна заситеност во Леон и Душебаев го доведе во Сиудад Реал и од тогаш неговата кариера е во постојан раст.
Агинагалде веќе трета година е во идеалниот тим, а MVP беше и во сезоната 2009/10. Најдобар голман за минатата сезона е Даниел Шариќ, а во идеалниот тим се уште Рутенка, Канељас, Страновски, Пабло Качеда, Наџи и Јернемир (најдобар дефанзивец). Шареј Рутенка доби награда и за најмногу одиграни мечеви во лигата, Хорхе Луис Паван (Куенка) е најдобар стрелец, а Хавиер Родригез (Академио Октавио) е најдобар дебитант.
 
You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share