hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Талант и Чави Пасквал оптимисти

tallant i pasqual
 
Двајцата тренери Душебаев и Пасквал се појавија ова попладне на прес-конференцијата во арената „Висталегре„ на 24 часа до почеток на натпреварот од ASOBAL Суперкупот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Душебаев ја истакна тешкотијата оваа сезона да ја има целата група заедно, бидејќи многу играчи имаа малку одмор по Олимпијадата. "Секоја година имаме тешкотии, особено кога доаѓаат нови играчи" истакна тој. И покрај сите случувања овие дена јасно е дека ќе се соочат две големи екипи, а меѓу нив секогаш постои додатна мотивација, кога играат едни против други. За натпреварот Талант вели: „Барселона има помалку промени од нас, но ние играме дома и тоа го прави балансот на силите израмнет. Сигурен сум дека ќе видиме одлична средба на двата тима, иако се уште не сме во врвна форма. " Од изостаноците, тренерот на домаќините потврди дека нема да игра Маркусен. "Јас не мислам дека тој може да биде спремен, ризично е да го ставам во игра, без да биде максимално подготвен."

Во меѓувреме Пасквал се сложи со Талант за проблемите во олимписката година. "Сите тренери се жалат за недостаток на време за да се воигра тимот и новајлиите. Ако ги анализираме, еден по еден тие се сериозен тим, кој иако не е во целосна форма, покажа високо ниво на IHF Супер глоб турнирот. Атлетико Мадрид е голем ривал, не само тука, туку и во Европа. " За титулата тренерот на Барса, не сака уште од сега да зборува. „Двете екипи имаме опции" заврши Пасквал. Шампионот ќе биде без Хуанин Гарсија, но ќе ги има Аирињо и Мартин на таа позиција како гаранција за добра замена.
Share