hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пехарите ќе бидат прикажани пред „Висталегре„

kire 07 09 2012
 
Ова се денови на навивачите на Атлетико Мадрид. Спортската сезона 2012/13 само штто започнала, а црвено-белите од Мадрид веќе подигнаа два трофеи. Ако фудбалската секција на Атлетико Мадрид го „прегази„ Челзи во Монтекарло во Супер Купот на Европа, ракометниот тим предводен од нашиот Кирил Лазаров го освои IHF Супер глоб турнирот во Доха и стана светски клубски првак.

Ако минатата година кога ракоематарите го освоија Купот на кралот, пехарот го претставија на стадионот „Висенте Калдерон„ пред почетокот на првенствен меч на фудбалерите, сега ќе биде обратно. Утревечер во мадридската арена „Висталегре„ ќе продефилираат пехарите освоени минатиот викенд, носени од капитените Габи и Омбрадос. По славјето на Нептуно, фудбалерите ќе бидат поздравени од ракометаната публика, во очекување на освојување и на Супер-купот на Шпанија во дуелот со Барселона.

За Лазаров и другарите тоа ќе биде и прв натпревар против довчерашниот клубски другар Арпад Штербик, кој пред неколку дена потпиша кај најлутиот ривал. Минатата сезона Атлетико полесно од предвиденото го совлада каталонскиот гигант во воведниот меч во сезоната во Шпанија.
Share