hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мадрид ги пречека шампионите

celebracionsuperglobe 9122
 
Новиот светски клубски првак Атлетико Мадрид веќе е дома во Шпанија и го слави првиот трофеј во новата сезона. Иако сите не веруваа, екипата на Душебаев со милион проблеми и без ниту еден контролен натпревар, го скрши малерот и совлада една моќна екипа, која веќе е во натпреварувачки ритам, како германскито Кил.
Мадридскиот клуб организираше свечена вечера по пристигнувањето во татковината и на крилата на ентузијазмот ќе го подготвува Суперкупот на Шпанија в сабота во „Висталегре„ против Барселона. Утре во 11:30 клубот ќе го претстави последното засилување, норвешкиот голман Магнус Дал. Бившиот голман на Париз, доаѓа како замена за Арпад Штербик, кој денес беше претставен во Барселона.
 
campeonesjpg

Така продолжува традицијата, која вели дека скоро цела една деценија овој клуб, кој до минатата година го носеше името Сиудад Реал, освојува најмалку по еден трофеј по сезона. Во оваа веќе славеше, а има уште 5 можности да се искачи на пиедестатолот.
Share