hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров четврт стрелец во Доха

kire 02 09 2012

Победникот на IHF Супер глоб 2012 однесе дома 400.000 евра и се здоби со право за одбрана на титулата наредната година. Трет пат во својата историја овој тим, до пред повеќе од една сезона како Реновалиа Сиудад Реал, а сега како Атлетико Мадрид го освојува прекрасниот трофеј, со што е водечки на вечната листа.

Капитенот Омбрадос е еден од ретките покрај Калман, Дејвис и тренерот Душебаев, кој вгради труд и енергија во сите три мундијалски титули на овој клуб. Словенецот од катарската екипа Драган Гајиќ беше најкорисен MVP играч на турнирот, а Банур од екипата Мудар најдобар стрелец. Во категоријата голгетери, нашиот Кире Лазаров беше четврт, што е втор негов најдобар инвидуален резултат по второто место на листата на стрелците пред две сезони кога постигна 26 гола. Но со оглед на тоа што е уште предсезона, Душебаев ја делеше минутажата скоро на сите ракометари, постигањето повеќе од добро.

1. Амин Банур (Мудар) 42
2. Драган Гајиќ (Ал Саад) 40
3. Ахмед Мостафа (Замалек) 32
4. Кирил Лазаров (Атлетико М.) 28
5. Хусеин Заки (Замалек) 26

Лазаров беше четврти и во категоријата на асистенти со 10 асистенции на 5 меча. Најдобар асистент е бразилецот Густаво Кардозо од Методиста Сан Бернардо со 18 додавања.

Комплетната инвидуална статистика на турнирот, можете да ја пронајдете тука

Share