hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Душебаев и Омбрадос: Трофејот е за таткото на Кирил Лазаров

1334  U4P2399 copy

Алфред Гисласон
(тренер на Кил)

Атлетико Мадрид ја заслужи победата, бидејќи тие беа подобриот тим. Во првата половина од мечот игравме добро, но јас и тогаш не бев задоволен, во втората половина од мечот грешевме, пропуштивме многу шанси и дојде очекуваниот пораз.

Патрик Виенчек
(ракометар на Кил)

Ние не одигравме добар натпревар. Во првиот дел покажавме сосема нормално издание, но по паузата ни се намали темпото и ефикасноста. Бевме заслужено поразени.

Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Откако ја добивме трагичната вест за смртта на таткото на Кирил Лазаров минатата ноќ, тоа беше тежок удар за нас. Но моите играчи беа одлични и секогаш е задоволство да се победи против првакот на Лигата на Шампионите . На крајот не спасуваше Хозе Омбрадос, кој ни даде стабилност и ние можевме лесно до гол од контра-напади.

Хозе Омбрадос
(ракометар на Атлетико Мадрид)

Ова беше тежок натпревар. Прво тоа беше тешко да се браниме против Кил, а подоцна испадна дека одбраната беше клучот. Тоа беше силен турнир за почеток на подготовките за следната сезона. Ние го посветуваме овој трофеј на на таткото на Кирил Лазаров.

Share