hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров прв стрелец и асистент на Атлетико Мадрид

Atletico-Lazarov

Како што беше случај и со последната ASOBAL лига и Лигата на шампионите и на овој турнир, Кирил Лазаров беше најдобар клубски стрелец. Иако тренерот Талант Душебаев се реши да ги ротира сите ракометари во текот на сите пет средби на IHF Супер глоб, Лазаров пак се истакна. Тој одигра 2 часа, 43 минути и 31 секунда во Доха. Упати 43 удари и постигна 28 гола. 11 гола беа од неговата позиција на десен бек, реализира 4 контранапади, а ги погоди сите 12 седмерци. Делуваше максимално колективно и со 10 аситенции, беше најдобар додавач на екипата. Само Јуркиевич, Дејвис и Канељас, какои голманот Омбрадос минаа повеќе време на паркетот од нашиот Лазаров. Вториот клубски стрелец полскиот ракометар Јуркиевич постигна 18 гола, дури 10 помалку од македонскиот интернационалец.

Ако со Ал Саад во 2010 и со Реновалиа Сиудад Реал беше втор на овој турнир, третиот обид му донесе светска титула. Во пребогата клубска кариера на Лазаров му недостига само Лигата на шампионите. И таму имаше два порази во финалните средби, а годинава брка трета-среќа.

Комплетната статистика на Атлетико Мадрид на IHF на Супер глоб можете да ја погледнете тука

Share