hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Лазаров и Атлетико до светската титула

Atletico-Madrid-handball

Атлетико Мадрид - Кил 28:23 (13:13)

Во ни малку лесна состојба, Кирил Лазаров како неверојатен професионалец го подготви и го одигра веројатно најтешкиот натпревар во кариерата. И како што некогаш знаат перфектно да се вклопат коцките, го освои можеби највредниот трофеј во клубската кариера. Како и во полуфиналето, така и денес Атлетико Мадрид одлично го отвори финалниот меч.
 
finale 3
 
Со двата гола од седум метри на Кирил Лазаров, први во водство дојдоа шпанците. Европскиот првак често играше комбинаторно на кружните напаѓачи Алм и Тофт Хансен, а расположен за игра беше и Марко Вујин, кој ова лето стигна од Веспрем. Во 15 израмнети минути, Атлетико постојано имаше 1-2 гола предност, а Канељас и Јуркиевич полека се разигруваа. Штета што Дејвис и Калман не реализираа две контри, за црвено-белите први да се одлепат. Сепак во 22 минута по двојното искучување на Ромеро и Јуркиевич, германската екипа постигна 4 неодоговорени гола и од 8:10, дојде до 12:10. Марко Вујин беше најекспониран, а Јиха и Нарцис пререзервирани во првиот дел. Сепак во последните 5 минути пред одморот Јуркиевич, Ромеро од линијата и Масач од седум метри, придонесоа на одмор да се оди израмнето. Не многу квалитетно, но витешко прво полувреме, со многу отворени карти за името на светскиот клубски првак.
 
finale 2

Вториот дел започна со одбранет седмерец на Хосеха Омбрадос, по шутот на во првиот дел непогрешливиот Вујин, а потоа го „скина„ и зицерот на Јиха.
Лазаров во 35 минута го искористи исклучувањето на Цајс и го врати Атлетико во водство (15:14). Но ниту една од екипите немаше сили за одлепување. На седмерецот на Јиха, одговори Агинагалде за 18:18. Но тимот на Душебаев како да имаше повеќе ресурси и енергија. Ферер, Агинагалде од свртување и Береше од контранапад донесоа мини серија на шпанците и го принудија Гисласон на тајм-аут (22:19 - 46 минута). Но и по минута одмор, работите продолжија по старо. Масач реализираше контра, Омбрадос се разбрани, а Јуркиевич со „бомба„ ги одлепи шпанците, па и фрацузинот Бараше погоди за високи 25:19. Во 49 минута и Лазаров со својот четврти гол се приклучи на серијата на Атлетико, која во тој момент изнесуваше 7-0 за неполни 8 минути. По скоро 11 минути без постигнат гол, младиот Виенчек погоди за 26:20 во 53 минута. Со решен натпревар, без драматика се влезе во последните 5-6 минути. Филип Јиха со два гола од огромна дистанца го направи поразот поподнослив. Историска победа за Атлетико Мадрид, како реванш за поразот во финалето на Лигата на шампионите во Келн на 1 јуни. Лазаров постигна 4 гола од 9 обиди и додаде уште 2 асистенции за 34 минути игра. Омбрадос со 15 интервенции, Јуркиевич со 5, Канељас и Масач со по 4 гола исто така го комплетираа „шоуто„ на екипата на Талант. Кај европскиот првак Јиха постигна 7, а Вујин 5 гола.
 
finale 1

За прв пат во кариерата Кирил Лазаров стана светски клубски првак, а Атлетико Мадрид стигна до првиот меѓународен трофеј во новиот милениум. Пет победи на исто толку натпревари, за перфектен турнир за отворање на сезоната. Момците на Душебаев и без казнетиот Гојун и без втор голман по заминувањето на Штербик во Барселона, и без повредениот Маркусен и без Ивано Балиќ кој немаше право за настап, покажаа дека се на вистинскиот пат. Веќе утре шпанската делегација со трофејот се враќа во Мадрид, каде ќе бидат дочекани како вистински шампиони, само еден ден по освоениот Супер куп на фудбалската екипа на Атлетико Мадрид.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share