hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реакции: Голем меч на две големи екипи

atletiko - al saad

Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Јас сум задоволен со оваа победа во неверојатно тежок меч на две големи екипи. Водството постојано се менуваше до крај и ние бевме посреќни да славиме, бидејќи постигнаме гол во последната секунда.

Роберто Гарсија Парондо
(ракометар на АтлетикоМадрид)

Тоа беше навистина тежок натпревар. Ал Саад располага со многу силни играчи, но токму вакви натпревари ни требаат во рамките на подготовките за следната сезона.

Патрис Канаје
(тренер на Ал Саад)

Тоа беше голем натпревар на два големи тимови. Еден натпревар, од кој сите играчи можат да научат. Игравме добро се до конечните 15 минути, но на крајот Атлтико Мадрид имаше подобри опции и не победи.

Абдула Ал Карби
(ракометар на Ал Саад)

По оваа цврста битка и поразот ние треба да се подготвиме за мечот за бронзата, но немаме многу време. Сепак очекувам победа без разлика на противникот.

Share