hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Трето финале за Лазаров, прво за Атлетико

kire 31 08 2012

Атлетико Мадрид - Ал Саад 33:32 (18:19)

Во вистински трилер во првото полуфинале на IHF Супер глоб 2013, екипата на Кирил Лазаров обезбеди финале, а нашиот ас имаше огромен удел во тешко издвојуваната победа над домашниот Ал Саад.По трет пат во кариерата Лазаров ќе игра за светската круна, а утре за прв пат на тронот на светот ќе се обиде да се искачи Атлетико Мадрид. За разлика од претходните мечеви, сега Атлетико почна фуруозно. Јуркиевич и Калман погодија, Омбрадос одбрани седмерец и шпанците брзо побегнаа на 3:0.
 
polufinale 1
 
Но на целиот турнир, за европскиот вицепрвак, првото полувреме е далеку послабо од второто. Акамбре, Малмагро и Карабатиќ најнапред израмнија на 5:5, а потоа Гајиќ го донесе првото водство на катарците. Играта во одбрана на Атлетико Мадрид остави многу прашалници, па ракометарите во темни дресови прелесно комбинираа до сигурен гол. Словенецот Гајиќ со серија на голови го донесе првото одлепување. Лазаров, кој половина полувреме преседе на клупата, влезе во игра да изведе седмерец во 16 минута, погоди и ја понесе екипата до одморот.
 
polufinale 2
 
Во 20 минута ефектно од контранапад израмни, но Гајиќ со чести придодавања на втор кружен напаѓач ги изненадуваше мадриѓаните. Постојаното водство од 1-2 гола за Ал Саад, не ги направи нервозни европјаните. Напротив, Лазаров ги превзеде работите под свое и до одморот скоро секој гол мораше да мине низ неговите раце. Погоди од далечина, имаше три асистенции за пивотмените, пак реализира седмерец. Му недостигаше малку среќа при лоб-ударот од десната страна во 28 минута, но неговите неполни 15 минути во првиот дел ги одработи без грешка. Примените 19 гола беа силна опомена за Душебаев да ги „размрда„ своите во соблекувалната.
 
polufinale 3

Вториот дел пак го почна Береше како десен бек и тој погоди за 19:19 по половина минута по одморот. Но играта на чести грешки, малку интервенции на голманите и серијата на Драган Гајиќ продолжи во првите 10 минути од вториот дел. Тогаш во 41 минута, Омрадос му го одбрани седмерецот на Гајиќ, а минута подоцна литванските судии наместо да го му покажат црвен картон на Карабатиќ, го пратија само на 2 минути исклучување. Тогаш во играта со двајца ракометари повеќе, Дејвис од контранапад во 44 минута ја врати предноста за Атлетико (24:23). Душебаев повика тајм-аут во 46 минута и го врати Лазаров во игра. Агинагалде од линијата и Канељас од чекор, донесоа нешто помирни 26:24 за шпанците. Кога се разбрани и Омрадос и „скина„ два зицери на крилата на Ал Саад, се наговестуваше пресврт.
 
polufinale 4
 
Кирил Лазаров се врати во ритам и од својата позиција, преку блокот „стрелаше„ за 28:25, а потоа и за 29:25 во 51 минута. Но катарскиот тим имаше свои ресурси и со човек повеќе Карабатиќ со асистенција и гол доближи на 29:27. Но агресивната игра во одбрана (стриктно на Лазаров) ги вознемири црвено-белите и Калман направи техничка грешка и Ал Саад имаше контра за реми. Сепак проработи блокот и Лазаров од контрапад го врати спокојот. Но Ал Саад го имаше одличниот Прост на голот, кој ги остави во мечот се до самиот крај. Пак Агинагалде на 70 секунди до крајот од крилна позиција донесе +2, за да Карабатиќ со „бомба„ без скок намали на 32:31. Тој гол донесе „искри„ меѓу Карабатиќ и Гојун, па на таренот влетаа сите, дури и стручните водства имаа свој вербален дуел. Јаков Гојун беше исклучен на 58 секунди до крајот, а страстите мораше да ги смирува и Балиќ, кој зад клупата заедно со Маркусен ги бодреше своите. Но, кога играта продолжи, литванските судии покажаа исклучување и за Душебаев и со двајца ракометари помалку Атлетико Мадрид тргна во напад.
 
polufinale 5
 
Катарците се одбранија, а Акамбре од крилна позиција израмни (32:32). Сепак последниот удар го зададе Агинагалде, кој од линијата скоро со звукот на сирената ја донесе победата. Пак благодарение на второто полувреме, лидерските способности на Лазаров и поголемото искуство, Атлетико Мадрид го доби и четвртиот натпревар на турнирот. За 28 минути, Лазаров постигна 7 гола од 11 обиди, имаше и две асистенции. Иако ја делеше минутажата со Береше, македонецот потврди дека е лидер во европскиот вицешампион. Агинагалде покрај одлучувачкиот гол, придодаде уште 5 гола, а кај поразениот тим Таж со 7 и Гајиќ со 6 гола беа најефикaсни.

Во финалето утре Атлетико Мадрид ќе се сретне со  германскиот Кил.
 

 

Share