hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Штербик од Атлетико во Барселона

sterbik3

Шпанскиот интернационален голман Арпад Штербик ќе мине овие дена во Барселона, како и што се очекуваше. Како што е предвидено, црвено белите и каталонците дојдоа до договор за голманот кој во последните неколку сезони настапуваше за Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал). Секој момент се очекува официјализација. Штербик ја реализираше неговата желба да го напушти Атлетико и јасно му порача на претседателот Доминго Диаз де Mera, што побрзо да дојде до договор со Барселона. Брзо почнаа и завршија преговорите меѓу двата клуба.

Шпанскиот интернационалец имаше уште пет години од неговиот договор и 1.000.000 евра клаузула. Сепак Барса нема да го плаќа полниот износ. Договорот се шпекулира деке ќе биде во вредност меѓу 400 - 500.000 евра и конечната вредност на трансферот наскоро ќе бидат објавени. Веста ја пренесоа сите ракометни портали, како и главните шпански спортски весници.

Share