hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа, прво место и полуфинале

zamalek 1

Атлетико Мадрид - Замалек 29:25 (12:15)

Египетскиот повеќекратен првак Замалек беше последниот ривал на Атлетико на Кирил Лазаров во А групата на IHF Супер глоб 2013. Во игра беше првата позиција и на хартија нешто полесен противник во полуфиналето во петок. Како и на претходните два натпревари, шпанците не почнаа најдобро и изедначеноста царуваше во првите 10 минути. 5:5 гласеше резултатот по една третина од првиот дел, со многу технички грешки. Тогаш во 12 минута за прв пат погоди Лазаров со лоб удар од полуконтранапад. Но и голот на нашиот ас не го смени ритамот и африканците со серија на голови на Мостафа и Јусуф на полувреме отидоа со предност од 15:12.

zamalek 2

Но како и на претходните два меча, по лошото прво полувреме, следеше добар старт на вториот дел и пресврт. Мостафа во 33 минута постигна гол за највисоки 18:12 за Замалек. Тоа беше доволна провокација за црвено-белите. Три пати Лазаров, Канељас и Дејвис во само 4 минути донесоа пресврт. Кога нашиот ракометар, заедно со Агинагалде и Парондо погодија во серија во 43 минута веќе беше израменто 21:21. И со таков позитивен потсрек и „ветер во грб„ Атлетико немаше проблеми до комплетен пресврт. Два гола на Дејвис од крило, пак Лазаров, па дури и Гојун го дотолчија Замалек.

zamalek 3

Јонас Калман со последните два гола го направи триумфот поубедлив. На крајот без драматика финални +4 за европскиот вицешампион. Трета победа во групата, полуфинале со „француски обоениот„ Ал Саад во петок и нов предизвик за евентуално трето финале на ова натпреварување за нашиот Лазаров, а прво за Атлетико Мадрид.

zamalek 4

77 на шпанците пак имаше блескава статистика. 7 гола од 9 обиди за 45 минути игра и плус уште две асистенции. Дејвис со 6 гола и Омбрадос со 12 одбрани исто така дадоа голем придонес во победата. Ахмед Мостафа со 11 гола блескаше кај поразениот Замалек.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

 

Share