hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Втора победа и полуфинале за Атлетико Мадрид

kire temen dres golema

Атлетико Мадрид - Методиста СБ 34:27 (16:16)

Првата цел ракометарите на европскиот вицешампион Атлетико Мадрид ја остварија. Со две победи во својата група обезбедија полуфинале и тоа од првата позиција. Во вториот натпревар денес победен бразилскиот и јужноамериканскиот првак Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло.

atletiko 4

Како и против каатрскиот тим вчера и денес шпанците почнаа млако и со двата гола на Гомез, Методиста поведе со 5:3. Но Јуркиевич и Ромеро брзо ги доведоа работите на свое. Кирил Лазаров прв пат погоди во 16, па во 22 и во 28 минута и до одморот играта гол за гол доведе до реми на полувреме. Како со головите, така и со асистенциите Лазаров пак остави трага во мечот на Атлетико.

atletiko 3

Пак одлучувачко беше отворањето на вториот дел. Масач и Ромеро постигнаа по неколку гола, одбраната се стабилизира и прими само еден гол во 8 минути и со серија 5:0, тимот на Душебаев побегна на 22:17. Дејвис, Масач и Парондо со голови од контранапади донесоа највисоки 30:21 во 51 минута. Со дозирање на силите и без Маркусен кој е повреден, Атлетико Мадрид по ист рецепт стигна и до втората победа на IHF Супер глоб. Со овој триумф од 34:27 екипата на Кирил Лазаров го има в џеб полуфиналето што беше минимална цел.

atletiko 1

Пак Душебаев го изротира целиот ростер, со исклучок на Калман и Агинагалде. Нашиот капитен одигра 25 минути, постигна 3 гола од 4 обиди и придодаде уште 3 асистенции. Во победничата екипа Јуркиевич постигна 6, а Дејвис и Масач по 5 гола. Круз и Хубнер со по 5 гола беа најефикасни кај борбените бразилци. Утре следува последниот меч во групата со египетскиот Замалек.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share