hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Душебаев и Калман задоволни од победата

doh1
 
Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Бев навистина возбуден, зошто не знаев пред натпреварот што ние можеме да сториме во Доха. По Олимписките игри имавме само шест дена за подготовка и ова е нашиот прв натпревар во новата сезона. Плус имаме неколку нови играчи во нашиот тим. Задоволен сум со начинот на кој игравме по паузата против силен противник како Ал Јаиш. Нивото на нивната игра беше многу високо, но нашите играчи покажаа страст и ангажман во текот на играта. Дојдовме да стигнеме до финалето и да го освоиме овој турнир, но треба повеќе да работиме за тоа.
 
doh2
 
Јонас Калман
(ракометар на Атлетико Мадрид)

Како што рече тренерот ние треба да се подобриме во сите сектори, во одбрана и напад. IHF Супер глоб е добар турнир да ги подобриме нашите перформанси. Но, ние мора да играме подобро утре, за да ја победиме Методиста Сан Бернардо.
Share