hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Штербик не отпатува за Доха

sterbik2
 

Сосема неочекувано шпанскиот репрезентативен голман и еден од најдобрите чувари на мрежата во светот, Арпад Штербик во неделата не се појави на аеродром на патот од Мадрид за Доха. Ден подоцна, утринава, официјално соопштение на Атлетико Мадрид, кој образложи дека ракометарот не дал објаснување и дека ќе биде подложен на санкции според правилникот на клубот.
Оваа вест доаѓа само еден ден по информација, која каталонскиот „Мундо Депортиво„ ја лансираше за интересот на Барселона за голманот. Имено во саботата весникот објави дека Штербик ќе брани уште една сезона за Атлетико, а наредното лето ќе мине во Барселона.

 

Share