hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров лидер, Атлетико до победа во вториот дел

kire 28 08 2012

Атлетико Мадрид - Ал Јаиш 28:23 (11:13)

Прв меч и прва победа на Кирил Лазаров и неговиот Атлетико Мадрид на IHF Супер глоб, кој денес започна во Доха. Иако катарската екипа Ал Јаиш демонстрираше многу силен отпор, сепак во второто полувреме беше скршен отпорот на екипата водена од хрватот Ивица Обрван. Селекцијата на ракометари на Ал Јаиш беше полна со засилувања од бивша Југославија, па на крилата на Дарко Станиќ, Шпилер, Хорват, Шпрем, Доленец, Манојловиќ, катарците одиграа борбено прво полувреме. Токму нашиот ас Кирил Лазаров со гол од седмерец го отвори натпреварот.
 
doh4
 
Две минути подоцна погоди и втор пат, овој пат од игра. Но сепак одбраната на Ал Јаиш заигра цврсто, ги принудуваше на неизнудени грешки шпанците и Шпилер, Шпрем и Доленец го донесоа првото водство на домашната екипа. Еден до два гола предност Ал Јаиш имаше се до крајот на првото полувреме, кога Калман на само неколку секунди до одморот намали на 11:13.
 
doh5
 
Клучен фактор околу победникот во мечот беше одбраната на Атлетико Мадрид, интервенциите на Омбрадос и лесните голови кои црвено-белите ги редеа во второто полувреме. И вториот дел започна во знакот на нашиот Лазаров. Постигна три врзани гола и го донесе мечот во егал. Од 15:16, мадриѓаните направија серија 5:0 (уште два гола на Лазаров) и се одлепија. Кога во 44 минута за прв пат отидоа на 4 разлика со голот на Канељас, јасно беше дека екипата од Катар нема сили за ново враќање во мечот.
 
doh3
 
 
До крајот само рутински екипата на Талант Душебаев го спроведе мечот до финални 28:23. Новајлиите Ферер и Масач се запишаа меѓу стрелците во финишот. Со 7 гола од 10 обиди Кирил Лазаров беше најдобар стрелец на средбата. Пак го активираше целиот асортиман и погоди три пати од седум метри, три гола од неговата позиција десен бек и еден гол од контранапад. Одигра 31 минута и 13 секунди, бидејќи Душебаев ја делеше минутажата и сите освен Антонио Диез добија шанса за настап. Покрај Лазаров, Калман и Ферер постигнаа 4, а Јуркиевич 3 гола. Омбрадос имаше 12 одбрани. Тешко издвојувана победа, која го најавува пласманот во финалето на екипата на Лазаров.
 
doh1

Во вториот меч од првото коло во оваа група египетскиот Замалек се мачеше едно полувреме, но на крајот го совлада бразилскиот Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло со 33:24 (12:14). Токму бразилската екипа утре е вториот противник на Атлетико Мадрид на IHF Супер глоб 2013.
Share