hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Балиќ и Екберг не добија дозвола за настап во Доха

ekberg

Последните извршени трансфери на екипите учесници на IHF Супер глоб 2013 не добија „зелено светло„ од организаторот да бидат внесени во официјалниот протокол. Така Ивано Балиќ нема да може да настапи за Атлетико Мадрид на целиот турнир, а ист е случајот и со швеѓанецот Екберг кој стави потпис на договорот со Кил. Така хрватот, ќе дебитира во „Висталегре„ во Мадрид, на Суперкупот со Барселона по враќањето од Катар.

Од наредното издание на IHF Супер глоб нема да бидат дозволени позајмици на многу ракометари, туку максимум на само двајца. Годинава на Ал Саад му беше дозволено ангажирање на осум ракометари на Монпеље и на нивниот тренер, само заради тоа што тоа го пријавија пред донесеното ново правило.
Share