hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Балиќ: “Сакам да ја освојам Лигата на шампионите”

ivano balic
 
Новиот играч на Атлетико Мадрид, Ивано Балиќ се приклучи на тимот и дисциплината на Талант Душебаев. Во своето претставување рече дека е многу среќен што е во Мадрид и сака да ја освои Лигата на шампионите со Атлетико. По неговото доаѓање во тимот изјави дека тоа е најдобрата опција за него:
"Клубот пројави голем интерес за мене и уверен сум дка можам да играм на високо ниво. Душебаев за мене е еден од најдобрите тренери во светот, или можеби најдобриот. Овој клуб цели 10 години игра на високо ниво. Вчера бев на тренинг два часа и се надевам ќе адаптирам брзо на системот и ќе заиграм наскоро. Дојдов да ја освојам Лигата на шампионите и силно верувам дека заедно можеме до таа цел".

Ивано Балиќ рече дека добро ги знае скоро сите членови на екипата, а со Лазаров и Гојун настапуваше во Загреб. „Да се направат големи нешта, потребна ни е вистинска навивачка армија и се надевам дека наидам на таква публика и ќе ни помогне да ги оствариме целите оваа сезона" заврши Балиќ пред многубројните новинари во главниот град на Шпанија.
 

Share