hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Официјално: Магијата пристигна во Мадрид

balic lazarov cropix.jpg 1 copy
 
Ставен е крај на шпекулациите. Ивано во Металург, во Веспрем, во Париз и каде се уште не. Точно е само едно. Од утринава од официјализацијата на веб страната на клубот, Ивано Балиќ е нов член на Атетико Мадрид и потпиша договор на една сезона. Ова е враќање на хрватската „магија„ на ракометот во Шпанија. Четирите сезони минати во ASOBAL лигата во Портланд Сан Антонио, перфектното познавање на лигата, стилот и јазикот, значително ќе му ја олеснат работата на плејмејкерот од Хрватска.

Овој трансфер го одобруваат сите кој сакаат добар ракомет. Се радува Талант, задоволен е нашиот Кире, фановите веќе бараат билет повеќе за дебито на Ивано во Суперкупот на Шпанија. Утре во 12:30 Атлетико Мадрид официјално ќе го претстави својот нов ракометар и ќе ги чуеме првите негови зборови. Во меѓувреме хрватот денес ќе го има првиот тренинг во црвено-белиот дрес. Лазаров и Балиќ се одлични пријатели, со присуството на едниот и другиот го подобрува својот учинок. Нивната конекција со која можат да играат со врзани очи е дополнителен плус за европскиот вицешампион. Интересено е како и каде ќе биде третиран сега Атлетико Мадрид на листата на фаворити за место во Келн арената наредниот мај 2013?
Share