hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Балиќ од денес во Атлетико Мадрид?

kire balic
 
Според лансираните информации во медиумите во текот на овие денови, денес се очекува официјализација на еден од најзвучните трансфери ова лето. Хрватскиот ракометен ас Ивано Балиќ, денес треба да потпише со Атлетико Мадрид. Имено, по неколку години Кире Лазаров и Ивано Балиќ пак ќе играат заедно, овој пат во црвено-белиот дрес на Атлетико Мадрид. Плејмејкерот на хрватската репрезентација денес треба да пристигне на „Барахас„ аеродромот во Мадрид и да потпише едногодишен договор со европскиот вицешампион. За Балиќ ова е враќање во шпанската ASOBAL лига, ако се знае дека со голем успех настапуваше за Портланд Сан Антонио, со кој беше шпански и европски првак.

Лазаров и Балиќ имаа одлична соработка и освоија серија на трофеи во хрватскиот ракомет. Со ракометар како Балиќ, екипата на Душебаев добива на квалитет, искуство, игра во двата правци и голема каризма. Ако Балиќ игра како на последната олимпијада, ќе биде придодадена вредност на и така силната екипа на Атлетико Мадрид. Веднаш треба да му се стави на располагање на стручниот штаб и да дебитира на IHF Супер глоб наредната недела.
Share