hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров против Станиќ веќе в понеделник во Доха

darko stanic
 
Системот на позајмици на врвните ракометни имиња на IHF Супер глобе и оваа сезона до самиот крај ги остава непознати ростерите на пријавените екипи. Така голманот на српската репрезентација и на нашиот првак Металург, за некој ден ќе ги брани боите на Ал Јаиш, баш против нашиот Лазаров веќе наредната недела. Дарко Станиќ, голманот на Металург не отпатува со екипата на турнир во Хрватска, туку замина за Катар каде ќе игра за тимот на Ал Jаиш на Супер глобе, светското клупско првенство во ракомет. Сепак, таму ќе остане до 1 септември кога се враќа во Скопје и ќе биде со тимот за квалиифкацискиот турнир во Норвешка.

Годинава катарскиот Ал Саад, кој е домаќин на турнирот ангажираше осум играчи од францускиот првак Монпелје: Никола Карабатиќ, Вилијам Акамбре, Кристијан Малмагро, Примож Прошт, Висем Хмам, Исам Теж, Мишел Гигу и Драган Гајиќ.
Share